Германците имаат супер вредни четворки и тројки, а капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски им даде чиста петка и говори во суперлативи за популарните Панцери, кои утре за првпат во историјата ќе ни бидат гости, во Скопје од 20.45 часот.
На сезнационален начин ги нокаутиравме во март годинава во Дуисбург со победа од 2:1, што е означена како најголема сезинација во квалификациите за Мундијалот во Катар и сигурно во Топ-10 на сите времиња.
„Многу ги ценам и за мене Германија според успесите во минатото, нои сега се најдобрата фудбалска репрезентација на сите времиња. Но, тоа не значи дека нема да дадеме се од себе за повторно да ги изненадиме. Тие секпгаш одат на победа, но и ние си имаме свој план и квалитет“, изјави Ристовски.
Десниот бек на Македонија ќе биде еден од клучните наши играчи на утрешниот меч против гигантот и тој ќе мора да го сопре опасниот Лирој Сане. Во март успеа да го сопре, а Македонија славеше масивна победа против четирикратниот светски првак,па и сега и тој и сите македонски репрезентативци се оптимисти дека можеме до ново фудбалско чудо против Германците.
„Имаат и индивидуален и тимски квалитет и затоа се врв во светскиот фудбал. Во Дуисбург ги изненадивме, па зошто да не веруваме во нов подвиг“, додаде Ристовски.
Капитенот на Македонија и не е далаеку од вистината дека Германците се фудбалска нација број 1, ако се погледне вечната табела со освоени медали на големите натпреварувања.
Распоредот на одличја им е многу интересен и на Светските првенства имаат по четири шампионски круни, втори и трети места, односно дури 12 медали.
Само Бразил со пет титули е потрофеен од нив, а Италија има ист број на пехари, четири, како и Германците.
На Европските првенства со најтрофејната нација со по три злата, сребра и бронзи, па се е во знакот на бројките 4 и 3.