Која е најдобрата комбинација за Македонија да остане втора? Треба да навиваме Романија да не ја победи Ерменија

По седум одиграни кола, Македонија е втора во групата од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Таа позиција води во баражот за пласман на Мундијалот и главна цел на Македонија е да остане таму и по комплетирање на 10-те кола.

Македонија вечерва игра против Германија и освоени три боба или еден, може да вредат злато. Освен Македонија, во трка за второто место се Ерменија и Романија. Македонија е втора со 12 бода, колку што има и третата Ерменија, додека Романија е со 10 бода.

Токму Романија и Ерменија вечерва играат меѓусебе во Букурешт, а конечниот резултат ќе биде важен и за Македонија. Романија е фаворит, а доколку тие победат, може да се најдат во пол позиција за пласман на СП. Романците до крајот потоа играат дома и со Исланд, додека во последното коло гостуваат кај Лихтенштајн. Ако Романија ја добие Ерменија, а ние не славиме над Германија, тогаш тие ќе бидат во пол позиција за второто место, со тоа што во последните две кола играат против аутсајдерите во групата.

Затоа, освен тоа што ќе навиваме вечер Македонија да направи чудо против Германија, треба да се надеваме дека Романија нема да ги освои трите бода против Ерменија.

8 КОЛО (11 октомври): Македонија – Германија, Романија – Ерменија и Исланд – Лихтенштајн.

9 КОЛО (11 ноември): Ерменија – Македонија, Германија – Лихтенштајн, Романија – Исланд.

10 КОЛО (14 ноември): Македонија – Исланд, Ерменија – Германија, Лихтенштајн – Романија.

 

- Оглас -

Најнови вести