Робев одигра меч на кариерата, МЗТ Скопје тргна со победа во АБА 2 лигата

Дамјан Робев го одигра мечот на кариерата и со 30 поени и четири скока го предводеше МЗТ Скопје до победа од 97:90 против Младост Земун во премиерното коло во АБА 2 лигата.

Робев беше резерва, но и тоа не го спречи да одигра брилијантен меч на кој погоди шест тројки од 7 обиди и беше најефикасен кошаркар на мечот.

МЗТ Скопје доби три од четирите четвртини, но не му беше лесно да го скрпи отпорот на тимот од Србија. Штрковите водеа со 50:45 по првото полувреме, но гостите не се предаваа, па и поведоа двапати со по еден поен разлика во третата четвртина.

Сепак, македонскиот првак не дозволи изненадување, поведе со 7 поени разлика, 86:79 во средината на последниот период, ја задржа предноста до крајот за успешен старт во АБА 2 лигата.

Покрај Робев, одличен беше и Немања Милошевиќ, играч кој последен го засили МЗТ Скопје, а имаше учинок од 20 поени и 9 скока. Кај гостите најефикасен беше Белиќ со 23 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести