Кристијано Роналдо растури со пенали и двапати погоди во рок од само 300 секунди, во осмата и во 13-тата минута, за предност на Португалија против Луксембург со 2:0.
Роналдо е светски рекордер со 113 голови кога се во прашање погодоците во натпреварите на националните селекции, а сега само си го подобри рекордот.
Во осмата минута, по фаулот над Бернардо Силва, судијата Бастиен покажа на белата точка, а Роналдо сигурно погоди. Тој момент и пеналот што го изведе Роналдо можете да го погледнете ОВДЕ.
Потоа пак имаше пенал, направен токму со прекршок над Роналдо, а тој повторно погоди од белата точка за убедлива предност од 2:0.
Ситуацијата од 13-тата минута можете да ја погледнете ОВДЕ.
Веднаш потоа и Бруно Фернандеш, кој му е соиграч на Роналдо во Манчестер јунајтед, беше прецизен и Португалија веќе ја обезбеди победата, само по 17 минути игра и ќе остане во трката со Србија за првото место во А групата што води на Мундијалот во Катар.
Голот на Фернандеш можете да го погледнете ОВДЕ.