Пример за помалите клубови – Полски шестолигаш за 90 минути продаде акции во вредност од милион евра

Полскиот шестолигаш КТС Весло експресно брзо, само за 90 минути ги продаде акциите на клубот за 4,5 милиони злоти, или околу еден милион евра.

Ова е вистинско фудбалско чудо за толку ниско рангиран клуб, но и вистински модел за помалите клубови како треба да функционираат.

Објавено е дека новите сопственици на акциите ќе учествуваат во одлуките за иднината на КТС Весло, кој има големи амбиции да си изгради сопствен стадион, модерна фудбалска Академија и развиен скаутинг-систем што ќе функционира во цела Полска.

Целта е да се напредува ранг по ранг за во иднина да се стигне до повисоките лиги во Полска.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести