Борац Бања Лука во првите две кола од АБА 2 лигата извојува две убедливи победи, едната над Широки Бријег (94-69), другата над Подгорица (70-55), но тренерот на Борац, Драган Николиќ, на интересен начин кажа дека не мисли дека неговиот тим е главен фаворит за трофејот во ова регионално натпреварување во кое учествуваат и МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер.
Металците вечерва од 21 играат со Рогашка од Словенија, додека битолчани утре од 18 се среќаваат со Сутјеска. Македонското дерби ќе се игра на 10 ноември во Осиек, на вториот турнир од оваа сезона во АБА 2.
Човекот кој со Карпош Соколи го освои Купот на Македонија и со успех ги водеше Соколите во АБА-лигата често дава интересни изјави, а и сега стана хит откако на прашање одговори со само три букви. На прашањето дали по двете победи, бањалучани се во редот на фаворити во АБА 2, Николиќ одговори: „Јок. Три букви, ЈОК“.
Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1448371567562575880