Насри пред еден месец објави крај на кариерата, а веќе не личи на себе (Фото)

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Самир Насри нема играно официјален меч од сезоната 2019/2020, кога беше во Андерлехт. Пред малку повеќе од еден месец објави крај на играчката кариера, а веќе не личи на себе и ептен се опуштил во пензионерските денови, па очигледно е дека има многу поголема тежина од таа што ја имаше додека беше активен на фдбалските терени.

Насри, кој има 34 години, имаше солидна кариера во Арсенал и Манчестер сити, а синоќа во Марсеј настапи на хуманитарен меч, кога шокираше многумина, па стана и цел на шеги на социјалните мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести