Срушени сите рекорди: Дете од 14 години заигра за младинците на Манчестер

Младинскиот тим на Манчестер јунајтед како првопласиран се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите откако во последното коло славеше на гостувањето кај Валенсија сo 2-1. Дуелот во Шпанија ќе остане запаметен во историјата на младинската Лига на шампиони откако за Манчестер јунајтед дебитираше Шола Шоретире.

Ултраталентираното дете кое има само 14 години 10 месеци и 10 дена стана најмладиот играч кој некогаш дебитирал во европските натпреварувања. Шоретире влезе во игра во 75-тата минута и во последните 15-тина минути покажа дека има иднина за „црвените ѓаволи“.

 

- Оглас -

Најнови вести