Три големи имиња се кандидати за селектор на Косово, меѓу фаворитите е Роберто Карлос!

Бразилската фудбалска легенда Роберто Карлос е главен кандидат да стане селектор на репрезентацијата на Косово. Најдобриот лев бек во историјата на фудбалот е еден од повеќето кандидати за преземање на функцијата која до пред некој ден ја вршеше Бернар Шаланде, но како најсериозни варијанти се спомнуваат Роберто Карлос, Примож Глиха, Валтер Ѕенга и Феликс Магат.

Словенецот Глиха е фаворит, но не е исклучено изборот да падне и на Ѕенга, кој ја водел Црвена ѕвезда, или на Карлос, кој нема големо тренерско искуство (последен пат работеше во 2015 во Индија, а кратко водеше и два турски тима), но популарен е на Косово, каде што гостуваше со Сиваспор во 2014 година, и низ Приштина имаше билборди со плакати со неговиот лик.

 

- Оглас -

Најнови вести