УЕФА се огласи за спорниот гол на Мбапе: Погодокот е правилно признат

Првиот човек на судиската комисија во УЕФА, Роберто Розети, ја поддржа одлуката на судијата Ентони Тејлор да го признае голот на Килијан Мбапе во финалето на Лигата на нации против Шпанија, иако имаше многу контроверзи околу тоа дали победничкиот погодок беше регуларен или не.

Розети вели дека Тејлор донел правилна одлука, базирана на постоечките правила на фудбалската игра и прифатените толкувања.

„Шпанскиот фудбалер игра со топката, а неговиот противник не влијае врз тоа. Правилото постои за да се превенираат случаи кога напаѓачот стекнува предност додека е во офсајд-позиција. УЕФА верува дека има простор за напредок во правилата за офсајд и духот на играта. Со колегите ќе дискутираме за други можни решенија на претстојниот состанок на Советот на технички експерти на 27 октомври“, вели Розети.

- Оглас -

Најнови вести