Илиевски: Среќен сум, битолчани долго чекаа меѓународна победа на Пелистер

Марјан Илиевски одлично од клупата командуваше со Пелистер во првата победа на битолчани во деби настапот во АБА 2 лигата.

Вечерва на Златобор кошаркарите на Пелистер ја декласираше Сутјеска со 93:73 и се рехабилитираше за поразот од Ловќен со 108:85 во деби мечот во Региуоналното натпреварување.

„Извлековме поука од првиот меч и убедливниот пораз од Ловќен. Направивме пресврт за кус рок и не дозволивме да не разочара првиот неуспех. Ова не е само победа на Пелистер, туку и за кошаркарска Битола, бидејќи ова е прв наш меѓународен настап во Лига кој е многу квалитетна и силна. По оваа победа сигурно ќе ни биде полесно да продолжиме понатаму во АБА 2 лигата. Очекувам во продолжението уште многу добри настапи и успеси“, изјави Илиевски.

Пелистер брзо се консолидира од стартниот пораз од Ловќен со 85:108 и со атрактивна игра во која се истакнаа сите кошаркари што настапија успеа да ја забележи првата победа во првата сезона што ја игра во Регионалното натпреварување.

Сега ќе има пауза, па во ноември на десетти следи македонското дерби со МЗТ Скопје, а и двете екипи стартуваа со по една победа и пораз во АБА 2 лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести