Одиграјте Спортска прогноза до 15.30 часот, погодена Тринаесетка може да ви донесе „ајфон12“

Се уште не е доцна да го одиграте деветтото коло на Спортска прогноза, а за да се приклучите со своја стратегија и типови имате време до 15.30 часот кога ќе почне првиот меч во понудата на популарната Трианесетка.

Според досегашните прогнози на учесниците во бесплатната игра стартот ќе биде со победи на Волфсбург на гости кај Унион Берлин и на Манчестер јунајтед против Лестер, исто така на гости.

Има уште многу исклучително интересни парови на популарната Тринаесетка, а и наградите се одлични. Се чека првиот добитник на прекрасниот мобилен телефон „ајфон12“, а се доделува на прогнозерот, или прогнозерите што ќе ги погодат сите 13 натпревари.

Sport Life ги наградува и утките, па со едно промашување, или погодени 12 натпревари ви следува вредносен ваучер од 1.000 денари. Ако погодите 11 мечеви ќе добиете ваучер од 500 денари.

Треба да се внимава и на двата резервни пара, бидејќи носат поени во битката за шампион во Генерален пласман. И тука има вредни награди, па најдобриот прогнозер на крајот на сезоната ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а и останатите четворица прогнзери што ќе бидат воТоп-5 ќе бидат наградени со многу поени за пазарување во СЛ маркетот на обложувалницата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести