Со головите на Блажевски и Грозданоски, Вардар на стадионот во Маџари го победи Охрид Лихнидос со 2-0. Охриѓани се последни на табелата во втора лига запад, додека Вардар сега има 11 бода од седум кола.
Убедлив лидер на западното второлигашко друштво, со 19 бода е кратовски Силекс, кој после шест победи во првите шест кола, денеска ремизираше 2-2 на гостувањето кај КФГ Гостивар.