Челзи стигна до шестата победа во осмото коло од Премиер лигата, откако минимално со 1:0 го победи Брентфорд на гости. Дефанзивецот Бен Чилвел беше стрелец на единствениот гол и тоа во последната минута од првото полувреме.
Чилвел одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и со прекрасен волеј удар биеше прецизно во мрежата на домаќините. Со овие три бода, Челзи стигна до 19 бодови и се искачи на врвот на табелата, пред Ливерпул со 18, Манчестер сити со 17, Брајтон со 15 и Манчестер јунајтед со 14 бодови.