После поразот од Лестер, Пол Погба беше критички настроен за состојбата во Манчестер јунајтед, а иако во изјавата не го спомна менаџерот Оле Гунар Солскјер, јасно е дека не е задоволен од работата на тренерот.
„Ако сакаме титула, не смееме да губиме вакви мечеви. Вака веќе не оди. Подолго време не играме добро, а никако да најдеме решение. Постојано примаме лесни глупави голови, мора да бидеме позрели. Нешто мора да се промени нешто, треба да ја најдеме вистинската тактика“ – изјави Погба.
И Солскјер беше незадоволен и смета дека поразот е резултат на деконцентрација. Тој смета дека не треба да примаат гол од прекин како вториот, а откако изедначија на 2-2, неполна минута подоцна примија гол. Според Солскјер, најдобар поединец во неговиот тим бил Давид Де Геа, иако тој прими четири гола.