Хозе Гаја постигна еврогол за Валенсија во петтата минута и само ја налути Барселона, која победи со пресврт со 3:1 во дербито на Шпанија.
На „Камп ноу“ дербито почна со убав погодок на шпанскиот репрезентативец од Валенсија, но многу брзо Ансу Фати постигна сличен гол за 1:1.
Дербито беше одлично, а и двете екипи имаа шанси за нов погодок, што сепак го постигнаа домаќините. По фаулот над Ансу Фати, судијата Манзано досуди пенал за Барселона, а прецизен беше Мемфис Депај во 41-вата минута.
Возбудливо беше и во второто полувреме, што ѝ припадна на Барселона, а конечно по една година пауза гол постигна Кутињо. Бразилецот од лесна позиција погоди во 85-тата минута за конечна победа на Каталонците од 3:1.