Мауро Икарди и Ванда Нара повторно се заедно, откако викендов моделот го обвини фудбалерот за неверство.
Икарди имаше објава на социјалната мрежа „Инстаграм“, каде што стави неколку слики од него и Ванда каде што и го честита денот на мајката, а малку подоцна објави и „стори“ на кое тие двајца се во прегратка.
Интересно е што се наоѓаат во Милано, каде што Икарди со голем успех го носеше дресот на Интер.
Ванда Нара во саботата вечерта имаше тешки обвинувања кон Икарди дека ја изневерил со нејзина пријателка, а потоа и потврди дека „раскинале“, но, по се изгледа оваа љубовна драма има нов пресврт, а како ќе заврши, останува времето да покаже.
View this post on Instagram