Јувентус со 1:0 ја победи Рома во дербито на осмото коло во Серија А, триумф со кој Старата дама се враќа кон горниот дел од табелата. Мојзе Кен беше стрелец на единствениот гол, вреден три бода, со што Рома стана првиот тим кој загубил 10 пати во Серија А на „Алијанц Арена“ во Торино.
Тоа што беше специфично на овој дуел за Јувентус е изборот на стартниот тим на тренерот Масимилијано Алегри. Во почетните 11 на Старата дама имаше дури седуммина Италијанци. Повеќе домашни фудбалери во стартниот состав Јувентус немал во последните шест и пол години, кога во мај 2015 година на дербито против Интер играа дури осуммина Италијанци.
Синоќа во првиот тим за Јувентус играа: Кјелини, Бонучи, Бернардески, Кјеза, Де Шилјо, Кен и Локатели. Во второто полувреме излегоа тројца домашни фудбалери, а во игра влегоа двајца Бразилци (Артур и Алекс Сандро) и еден шведски репрезентативец (Кулушевски).
7 – Juventus will field seven Italian 🇮🇹 starters against AS Roma, their most in a Serie A match since May 2015 (eight against Inter). Azzurri.#JuveRoma #SerieA
— OptaPaolo 🏆 (@OptaPaolo) October 17, 2021