Веќе неколку дена трае љубовната сапуница меѓу Мауро Икарди и неговата жена и менаџерка Ванда Нара. Популарната Ванда јавно на социјалните мрежи објави дека знае за љубовната афера на Мауро со една девојка од Аргентина, која е и нејзина пријателка.
Пораката на Ванда беше „Уште едно семејство кое го уништи поради една ку*ва“, а потоа ги избриша заедничките фотографии со Икарди и веќе не се следат на Инстаграм.
Девојката која е вмешана во скандалот е 29-годишната Марија Евгенија Суарес, која има три деца, но тоа не и било проблем да влезе во авантура со мажот на нејзината пријателка.
По откривање на скандалот, Ванда заминала во Милано, а Икарди вчера добил дозвола од ПСЖ да го пропушти тренингот и да замине во Милано. Сепак, тоа било залудно, затоа што Ванда не му дозволила да се видат. Утрово за Мауро следувало нов шок, кога Ванда постирала фотографија од нејзината рака на која го нема венчалниот прстен од Мауро Икарди.
„Многу повеќе ми се допаѓа мојата рака без прстен“, бил коментарот на Ванда за фотографијата која ја поставила, што јасно покажува дека таа е подготвена за развод.