Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, потврди дека Нејмар поради повреда, ќе го пропушти утрешниот дуел против Лајпциг од Лигата на шампионите, а неизвесно е дали ќе игра Мауро Икарди, кој има лични проблеми откако пред два дена неговата сопруга Ванда откри дека наводно ја изневерувал и веќе не сака да бидат во брак.
„Наш приоритет е здравјето на секој фудбалер. Нејмар има мал проблем, се надевам дека болките ќе траат само неколку дена. На крајот на тренингот имаше болки во мускул и во договор со лекарите, одлучивме да не ризикуваме со него. Икарди не тренираше со нас последните денови од лични причини. Тој е со тимот, одлучивме да го ставиме на листата, ќе видиме дали ќе игра“, рече Покетино.
Инаку сопругата на Икарди, која е мајка на пет деца, и има две ќерки со Икарди (тука се и три сина од Макси Лопес, колегата од кој Икарди ја „украде“ Ванда), се налути кога прочитала порака од наводната љубовница на Икарди.
„Би сакала да те запознаам во некој бар во дел од светот каде што никој не те познава“, наводно му напишала Еугенија Чина Суарес на Икарди, тврди пријател на семејството. Тој вели дека Икарди не ја изневерил Ванда како што таа го обвини, а Ванда денеска објави фотографија на која нема венчална бурма на раката и напиша дека вака нејзината рака е поубава.