Екипата на Еурофарм Пелистер загуби од Ним со 21:26 на домашен терен во првото коло од групата „Д“ во рамките на ЕХФ Европската лига.
Македонскиот претставник имаше катастрофално прво полувреме, по кое имаше негатива од дури 9 гола (6:15).
Иако во продолжението следуваше консолидација, сепак тоа не беше доволно за да се стигне огромната негатива на францускиот претставник.
Фановите, кои повторно беа во голем број во салата „Боро Чурлевски“, не можеа да му помогнат на својот тим, иако пред почетокот на средбата имаа можност да се „загреат“ во фан-зоната, која беше направена пред оваа средба.
Со седум погодоци, кај Пелистер најефикасен беше Стипе Мандалиниќ, а впрочем толку имаше и Хишам Санад Мохамед од редовите на гостинскиот тим.