Вчера беа добитни, сега Квотите на денот на Sport Life се со уште подобар коефициент (Фото)

Квотите на денот вчера беа добитни со погодени три натпревари од Лигата на шампионите и со вкупен коефициент од 9.99 во Sport Life, а и денеска има три натпревари од луксузната европска лига дури и со повисок вкупен коефициент од 11.4.

Барселона ќе се обиде да го постигне првиот гол и првата победа во ова издание на Лигата на шампионите, а има голема шанса да го стори тоа против аутсајдерот во Е групата Динамо Киев.

Каталонците имаат четири победи по ред во еврокуповите против украинскиот тим, а се наѕира и петтата по ред. Предлог во Квоти на денот е да се одигра 1&3-6 со коефициент од 1.95 во Sport Life.

Тој меч ќе се игра на „Камп ноу“ од 18.45 часот, а подоцна од 21 часот се преостанатите два дуели што се предлози во Квотите на денот.

Челзи е апсолутен фаворит против Малме, екипа која сè уште не постигнала гол и има гол-разлика од 0:7, па предлогот во Квоти на денот изгледа реален да се одигра 1-1&4+ со коефициент од 2.65.

Дербито вечерва е на „Олд Трафорд“, каде што Манчестер јунајтед ќе ѝ биде домаќин на Аталанта. Гостите се единствената непоразена екипа по две кола во Ф групата, но Манчестер јунајтед не смее да си дозволи нов кикс по поразот од Јанг бојс во првото коло.

Предлог во Квоти на денот е да одиграте Т12+&ГГ во дуел на две екипи со одличен напаѓачки потенцијал.

 

- Оглас -

Најнови вести