Коефициентот за нова победа на Вардар против Алборг е за чиста петка

Двојниот европски првак Вардар ќе има нов интересен дуел против актуелниот вицешампион на Европа, Алборг, овојпат на гостински терен во Данска.

Во дуел од петтото коло во А групата од Лигата на шампионите домаќинот е фаворит, но единствениот пораз досега му е токму од Вардар.

Во Скопје во одличен меч Црвено-црните пред три седмици славеа со 30:28 и ако го повторат подвигот, може да се заработи добро со коефициент од точно пет за двојка во Sport Life.

Сепак, сега ќе биде потешко бидејќи Вардар отпатува во Данска без јунакот од првиот меч, голманот Борко Ристовски, кој има здравствени проблеми и нема да брани.

На првиот меч меѓу двете екипи, Ристовски имаше 16 одбрани и беше еден од главните фактори за победата на Вардар од 30:28.

„Ќе ни недостасува Борко, кој ќе отсуствува поради здравствени причини. Ќе мораме и без него да им парираме на одличните ракометари на Алборг. Во Скопје успеавме да ги сопреме, но сега ќе имаме нов и поинаков меч. Не верувам дека ќе ги повторат грешките од првиот меч, а ние не смееме да влеземе во нивниот брз ритам со контри и полуконтри. Малку сме загрижени по поразот од Монпелје.

Јавноста очекува многу од нас, секако, тоа го очекуваме и ние, но тој меч покажа дека во Лигата на шампионите се игра многу квалитетен ракомет и нема лесни противници. Сигурно не одиме во Данска со бело знаме и сакаме да одиграме уште еден добар меч, а зошто да не и да оствариме поволен резултат“, изјави тренерот Веселин Вујовиќ.

Вардар и Алборг ќе го играат само вториот меѓусебен меч во Лигата на шампионите, а двојниот европски првак од Македонија води со 1:0.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести