Полноќен експрес само за мераклиите на НБА

8443 Џоел Ембид (Њу Орленс пеликанс – Филаделфија, 02:00 часот)

Во отсуство на Бен Симонс, целиот товар на гостинскиот тим ќе падне на грбот на Ембид, кој треба да потврди дека е најдобриот играч што го има Филаделфија.

Иако во тимот се уште и Сет Кари и Ендру Друмонд, сепак Ембид ќе биде „главниот“ во редовите на гостите.

Од друга страна, пак, олеснувачка околност за него е тоа што Зајон Вилијамсон нема да биде во ростерот на домаќините.

Предлог тип: >28.5 (1.87)

 

6358 Јута џез – Оклахома сити тандер (03:00 часот)

Домаќините изминативе сезони ја играат можеби и најдопадливата кошарка во НБА-лигата, но тоа засега не им донесе некој поголем успех.

За разлика од нив, Оклахома е тим којшто се развива во секоја наредна сезона со млади и талентирани играчи.

Иако фаворитската улога е кај Џезерите, сепак имаат неколку клучни играчи кои се под знак прашалник за настап, а тука се мисли, пред сè, на Руди Гобер, кој има проблем со стапалото, како и Богдан Богдановиќ (повреда на рамото).

Отсуството на овие двајца играчи значи и намалена доминација под обрачите и ослабување на шутерските можности, барем кога станува збор за Богдановиќ.

Предлог тип: 2 со хендикеп, -14.5 (1.87)

 

8471 Никола Јокиќ (Феникс санс – Денвер нагетс, 04:00 часот)

Најдобриот играч во регуларниот дел од минатата сезона, Никола Јокиќ, ќе се обиде да го доведе својот тим до подобар успех во новата натпреварувачка година.

Во првиот натпревар, Денвер ќе гостува кај минатогодишниот финалист, Феникс санс, во една од најинтересните средби во првото коло од НБА-лигата.

Србинот, кој цело лето напорно тренираше, очигледно е дека е во топ-форма и посакува да ја одбрани МВП-титулата, што воопшто нема да биде лесно.

Предлог тип: >25.5 (1.87)

 

8351 Њујорк никс – Бостон селтикс (01:30 часот)

Тимот од Њујорк, предводен од одличните Џулиус Рендл и Дерик Роуз, е „гладен“ за успеси, а во новата сезона првата победа ќе ја бара на домашен терен против Бостон селтикс.

Гостите имаа неколку рокади во изминативе месеци и дефинитивно ќе им треба подолг временски период за воигрување.

Рендл беше еден од најдобрите играчи во НБА-лигата минатата сезона, а не би требало да биде ништо поразлично и во оваа.

Предлог тип: 1 (1.67)

 

8350 Детроит пистонс – Чикаго булс (01:00 часот)

Чикаго ќе биде еден од најинтересните тимови за следење во оваа сезона, а тоа е благодарение на одличниот преоден рок.

Покрај Зак Левињ, во тимот пристигнаа и одличните Демар Дерозан, Лонзо Бол и Никола Вукчевиќ, кој се приклучи минатата сезона.

Во подготвителниот период, Биковите играа навистина одлично забележувајќи четири победи на исто толку одиграни натпревари.

На домашниот тим, пак, очигледно главна цел во оваа сезона ќе му биде склопување на квалитетен ростер кој би бил доминантен во НБА за наредните години.

Предлог тип: Т2+ 111.5 (1.84)

 

- Оглас -

Најнови вести