За 35 минути даде четири гола: Лестер го пронајде новиот Џејми Варди (ВИДЕО)

Патсон Дака за помалку од 35 минути постигна четири гола  за Лестер во мечот против Спартак Москва во рамките на Лигата на Европа.

Напаѓачот кој летово дојде од австрискиот Салцбург, се покажа како полн погодок за Лисиците, кои веќе бараат замена за легендарниот Џејми Варди и се чини дека ја најдоа.

Дака најпрвин погоди во 45-тата, а останатите два гола дојдоа во 48-мата и 54-тата минута и со тоа го направи еден од најбрзите хет-трикови во историјата на овој спорт.

Четвртиот гол дојде во 79-тата минута и со тоа практично му ги обезбеди трите бода на својот тим.

 

 

- Оглас -

Најнови вести