Дибиров со „деветка“, Вардар игра храбро, ама Алборг ја има предноста по првото полувреме

По првите 30 минути, екипата на Вардар има негатива од 13:16 против Алборг во рамките на петтото коло од групата „А“ во Лигата на шампионите.

Тимур Дибиров го предводи нашиот првак со девет погодоци, а борбеноста, како и секогаш, не изостанува.

Во првите 15 минути, домаќините беа тие што го имаа водството, а Вардар секогаш го стигаше, а првата наша предност беше за 7:8 откако Куни Мораеш успешно ја проби одбраната.

Во завршницата дојде до пад на играта на Вардар, а тоа набрзина го искористи домаќинот, кој преку Сандел, Ларсен и Палмарсон набрзина постигна три погодоци и дојде до 14:12, а подоцна и до 15:12 преку Кристенсен.

Покрај Дибиров, одлично игра и споменатиот Мораеш, кој има три голови, додека на голот Томовски има само интервенции.

Кај домаќините, Феликс Клар и Арон Палмарсон имаат по три гола во првиот дел.

 

- Оглас -

Најнови вести