Трите клуба кои останаа во Суперлигата, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, ги добија сите судски битки против УЕФА и нема да се соочат со никаква казна додека ја реализираат својата идеја.
Ваквата вест натера шест екипи кои од претходно одлучија да излезат, сега да ја сменат одлуката и да бидат дел од ова богато натпреварување, кое ќе биде поразлично од првичниот план.
Една од новостите е што ќе има испаѓање, а и тоа дека ќе има и второ натпреварување, она што претставува Лигата на Европа во моментов, па така ќе може и не толку богатите клубови да бидат дел од кремот.
Воедно, новост е и тоа што нема да има „заштитени“ клубови.
Сè уште не се познати имињата на останатите шест клуба, но се шпекулира дека три се од Англија, Атлетико Мадрид од Шпанија, како и Интер и Милан од Италија.