Македонскиот спорт од денеска може да се гордее со уште еден светски првак. Димитар Ѓоргиев го освои златото на Светското првенство во кик бокс, во категорија лоу кик во категорија до 81 килограми.
Во финалето, Ѓоргиев имаше одлична борба и со 3:0 на поени го победи Никола Дробњак од Босна и Херцеговина.
На патот до финалето, Димитар ги победуваше и Давид Дано од Италија со 3:0, Милош Даковиќ (Србија) 3:0 и во полуфиналето со 3:0 Ѓоргиев беше подобар од Бугаринот Никола Николов.
Ова е четврто злато за Ѓоргиев на светските првенства, каде речиси редовно освојува медали.
Медалите на Димитар Ѓоргиев:
2011 – Светско првенство – златен медал – кик клајт
2012 – Европско првенство – сребрен медал – кик клајт
2013 – Светско првенство – златен медал – кик клајт
2014 – без медал
2015 – Светско првенство – златен медал – кик клајт
2016 – Европско првенство – бронзен медал – кик клајт
2017 – Светско првенство бронза
2018 – Европско првенство – златен медал – лоу кик
2019 – Светско првенство – бронзен медал
2021 – Светско првенство – златен медал – лоу кик