Ферстапен го нарече Хамилтон глупав идиот и му покажа среден прст! (Видео)

Вториот слободен тренинг на патеката во Остин, донесе дуел на Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, кои се тркаа „рамо до рамо“ на стартно-целната рамнина, и најавија жестока битка за пол-позицијата на вечерашните квалификации, и за победа на трката в недела за Големата награда на САД во Формула 1.

Серхио Перес од Ред Бул беше најбрз на тренингот, но Мексиканецот повторно беше во сенка на својот клупски колега, кој во битката со Хамилтон беше истуркан од пистата.

Холанѓанецот имаше само седмо време, се мачеше со балансот на нерамнините, а откако го загуби дуелот со Британецот, му покажа среден прст на ривалот Хамилтон, и го нарече „глупав идиот“. Од тимот Ред Бул го советуваа Макс да се смири.

- Оглас -

Најнови вести