Типувањето за колото на Спортска прогноза полно со дербија, трае до 16 часот, не ја испуштајте шансата!

Доколку уште не сте типувале за десеттото коло на бесплатната Спортска прогноза, тоа треба да го направите до попладнево во 16 часот кога ќе почнат првите мечеви од понудата на популарната Тринаесетка. Во основната понуда има многу интересни и дерби мечеви на кои е предизвик точно да се предвиди конечниот тип.

Според досегашните прогнози на учесниците во играта кои веќе се изјасниле, најголема е поделеноста на прогнозерите за дуелите Вест Хем – Тотенхем и Рома – Наполи. За над половина играчи, Реал Мадрид ќе слави на Ел Класико против Барселона, Ајакс е огромен фаворит против ПСВ, а за Манчестер јунајтед – Ливерпул има повеќе двојки отколку единици.

Големото Дерби на Италија, не би требало да му припадне на Јувентус. За триумф на Јуве на гостувањето кај Интер, типувале само 16,8 проценти од играчите.

Се чека првиот добитник на прекрасниот мобилен телефон „ајфон12“, а се доделува на прогнозерот, или прогнозерите што ќе ги погодат сите 13 натпревари. Sport Life ги наградува и утките, па со едно промашување, или погодени 12 натпревари ви следува вредносен ваучер од 1.000 денари. Ако погодите 11 мечеви ќе добиете ваучер од 500 денари.

Треба да се внимава и на двата резервни пара, бидејќи носат поени во битката за шампион во Генерален пласман. И тука има вредни награди, па најдобриот прогнозер на крајот на сезоната ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а и останатите четворица прогнзери што ќе бидат воТоп-5 ќе бидат наградени со многу поени за пазарување во СЛ маркетот на обложувалницата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести