Валенсија ја имаше фаворитската улога против Мајорка на „Местаља“, но на теренот ситуацијата беше поинаква. Гостите покажаа дека не се дојдени да загубат и уште во првото полувреме ги шокираат домашните навивачи. Анхел погоди за 1:0 на Мајорка во 32 минута, а само шест минути подоцна Дијакаби си постигна автогол, па на полувреме Мајорка водеше со 2:0 на „Местаља“.
Валенсија во вториот дел се обидуваше да го скрши отпорот на гостите, но тоа не им успеваше се до 92 минута, односно веќе кога се играше судиското надополнување. Арбитарот покажа дека ќе се играат дополнителни седум минути, кога и започна драмата. Во 90+3 минута, Гуедес погоди за 1:2 и тоа беше најава дека домаќините нема да загубат.
Веќе започна и осмата минута од надополнувањето кога буквално во последната секунда од мечот, Хосе Гаја шутираше и го матираше голманот на Мајорка за 2:2 и голема радост на „Местаља“.