„Кралски“ хет-трик на Кинг за историја во Премиер лигата (ФОТО)

Најинтересниот натпревар од „англискиот“ термин од 16:00 часот го одиграа екипите на Евертон и Ватфорд во меч кој заврши со неверојатни 2:5.

Иако домашниот тим во два наврати водеше, гостите со неверојатни достигнувања успеаа да направат пресврт, пред се благодарение на одличниот Џошуа Кинг кој постигна хет-трик, и со тоа стана третиот играч кој што успеал да ја затресе мрежата за тимот за кој настапувал претходно.

Евертон поведе со голот на Том Дејвис во третата, за 10 минути подоцна Кинг да израмни на 1:1, резултат со кој се замина на полувремето.

Нова радост за „карамелите“ донесе Ришарлисон (63′) кој претходно влезе на теренот и во својот прв допир ја затресе мрежата за тимот во кој настапуваше претходно.

И кога се мислеше дека Евертон ќе ги задржи трите бода, Јурај Куцка во 78. минута израми, а само 80 секунди подоцна, повторно на сцена стапи Кинг за 2:3.

Истиот играч го комплетираше хет-трикот во 86. минута, а точка на победата стави Емануел Денис во првата минута од судиското продолжение.

Како што пишавме погоре, Кинг во својата кариера од претходно има настапувано за Евертон и со тоа стана третиот играч во историјата на Премиер лигата кој успеал да постигне хет трик против тимот што има некогаш настапувано.

Претходно тоа им успеа на Енди Кол и Маркус Бент.

 

- Оглас -

Најнови вести