Прогнозерите имаат јасни фаворити и за осум натпревари имаат над 1.000 коефициент

Десеттото коло коло од бесплатната игра Спортска прогноза на Sport Life е во тек, а за денеска ни преостануваат последните осум натпревари со што ќе биде комплетирана и оваа рунда.

„Ајфон 12“ ќе остане недостижен, бидеќи од вчерашните пет средби, максималниот број на погодени парови изнесуваше четири, а во конкуренција за ваучерите од 1000, односно 500 денари се четворица обложувачи.

Денешната како што веќе напоменавме, изобилува со дерби натпревари, а интересно е што играчите имаат јасни фаворити и со меѓусебна комбинација ќе добиете коефициент од 1.110.

Прв од понудата е дуелот во Франција меѓу Ница и Лион каде што во гостински триумф веруваат 69.93 проценти, а квотата за такво нешто изнесува 2.65.

Интересно е што на Ел Класико, грото од прогнозерите (56.97%) мислат дека Реал Мадрид ќе ги освои трите бода, а на Барса, пак, и веруваат само 17.63 одсто.

Многумина од нив (87.61%) веруваат и во победа на Ајакс над ПСВ, додека во Англија нивниот фаворит е Ливерпул каде што 40.49% сметаат дека тимот од Енфилд ќе се радува на трите бода.

Најголемиот дел од играчите (36.29%) веруваат дека Рома и Наполи ќе ги поделат бодовите, и дека Интер ќе биде победник во големото дерби против Јувентус.

 

Тикет кој го нудат прогнозерите на база на најголем број на одиграни фиксови:

Ница – Лион 2 (2.65)

Вест Хем – Тотенхем 2 (2.95)

Келн Баерн Леверкузен 2 (2.05)

Барселона – Реал Мадрид 2 (2.65)

Ајакс – ПСВ 1 (1.5)

Манчестер јунајтед – Ливерпул 2 (2.35)

Рома – Наполи Х (3.45)

Интер – Јувентус 1 (2.15)

_____________________________________

Вкупен коефициент: 1.110

- Оглас -

Најнови вести