Тадиќ е светска марка, приреди подвиг што го го имаат само шест фудбалски легенди (Фото)

Душан Тадиќ го постигна последниот гол за Ајакс во убедливата победа од 5:0 против ПСВ Ајндховен во дербито на холандското првенство и прослави убав јубилеј, со што се најде на уникатната листа со уште шест големи фудбалски ѕвезди.

Српскиот репрезентативец имаше и две асистенции и сега со вкупно 100 гола за Ајакс и 105 асистенции во дресот на холандскиот гигант е само седмиот играч во историјата на фудбалот што има над 100 погодоци и асистенции во првенство на една земја, во неговиот случај Холандија.

Тадиќ им се приклучи на големите легенди, Лионел Меси, Франческо Тоти, Томас Милер, Рајан Гигс, Вејн Руни и Франк Лампард, кои исто така ги имаат надминато стотките со голови и со асистенции во шампионатите на Шпанија, Италија, Германија и Англија.

Прв на вечната листа е Меси со 474 голови и 193 асистенции, сите како фудбалер на Барселона во Ла Лига на одиграни 519 мечеви, што прави комбиниран просек од 1,3 гола, или асистенции по натпревар.

На листата се и Франческо Тоти со 250 погодоци и 139 прецизни додавања до соиграчите во Рома, во натпревари од италијанската Серија А со просек од 0,63.

Интересно е дека во Калчото воопшто не се водела статистика за асистенции од сезоната 1992/93 до 1997/98, кога Тоти одигра уште 115 натпревари, со што бројот на додавања за гол би бил многу поголем од актуелниот за Принцот од Рим.

Томас Милер има еднаков број асистенции како и Тоти и 132 гола како играч на Баерн, клуб во кој ја игра целата фудбалска кариера во Бундеслигата на Германија. Неговиот просек е 0,7 погодоци, или асистенции по меч.

На уникатната листа покрај овие играчи, се и трите англиски легенди: Рајан Гигс, кој играше само за Манчестер јунајтед во кариерата, Вејн Руни, играч со настапи за Евертон и Манчестер јунајтед, и Франк Лампард, фудбалер на Вест хем, Челзи и Манчестер сити во англискиот дел од кариерата.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести