Херојски подвиг на Перес на трката за Големата награда на САД

Макс Ферстапен ја освои трката за Големата награда на САД, ама неговиот совозач Серхио Перес е моралниот победик вчеравечер.

Мексиканецот уште од првиот круг остана без достапна вода за пиење откако му откажа механизмот.

„Ова беше најтешката трка во мојот живот. Не се чувствував добро пред почетокот, а веќе по првиот круг ми откажа механизмот за пиење вода. Подоцна се чувствував лошо и немав сила за да останам да се тркам со Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.

Но, и покрај тоа што се случи, мило ми е за Макс и за тимот и се надевам дека ќе продолжиме во исто темпо“, изјави Перес на прес-конференцијата.

И покрај проблемите, Мексиканецот на крајпт заврши на третото место на оваа трка, што, секако, само по себе претстатува херојски подвиг.

 

- Оглас -

Најнови вести