Наследникот на Пепе игра за Хетафе и постави антирекорд (ВИДЕО)

Португалецот Пепе важи за еден од најжестоките и најострите фудбалери во историјата на фудбалот.

Некогашниот член на Реал Мадрид, сега играч на Порто, има свој наследник кој игра за екипата на Хетафе.

Станува збор за дефанзивецот Џене Даконам, кој игра во одбраната, а на средбата против Селта, која неговиот тим ја загуби со убедливи 0:3, постави антирекорд.

Тој во 63-тата минута доби директен црвен картон и со тоа дојде до бројката од пет исклучувања во последните пет сезони во најсилните европски лиги, со што се израмни со Клемент Ленгле и Андреј Жирото.

 

- Оглас -

Најнови вести