Палмеирас шутна 37 пати, а даде случаен гол со задникот на ексиграчот на Милан (Видео)

Луиз Адријано, поранешната ѕвезда на Шахтар, фудбалер кој играше и за Милан, беше главен протагонист на дуелот помеѓу Палмеирас и Спорт Ресифе од бразилската Серија А.

По првото полувреме, гостите водеа со 1-0, Палмеирас се мачеше да изедначи, а успеа со среќен гол кога топката го удри Луиз Адријано во задникот и колкот и замина во голот. Во финишот, ветеранот Фелипе Мело му донесе победа на Палмеирас од 2-1. Екипата имаше дури 37 шутеви кон противничкиот гол, а само двапати ја погоди целта, и тоа еднаш на среќа.

Погледнете го голот на Луиз Адријано:

https://www.youtube.com/watch?v=rsNKSdcsAak

- Оглас -

Најнови вести