Летоска НБА-лигата воведе правила чија цел е малку да се заштитат одбранбените играчи, па на „удар“ се најдоа шутерите, а бројките покажуваат дека една од најголемите жртви на новите правила е Џејмс Харден. Брадата сезонава шутира дури четирипати помалку слободни фрлања отколку во минатата сезона.
Брадата се жали на судискиот критериум бидејќи сезонава судиите поретко го испраќаат на линијата за слободни фрлања, а почесто му судат фаули во напад.
Сезонава, на првите четири меча, ѕвездата на Бруклин нетс има изведено само 11 слободни фрлања. За споредба, во минатата сезона на првите четири средби тој шутна дури 48 пенали. Двократниот МВП на НБА-лигата во сезоната 2019/2020 на првите четири дуели имаше просек од 7,7 изведени слободни на еден меч. Засега сезонава просекот му е само 2,75.