Манчестер јунајтед синоќа загуби од Валенсија со 2:1, но тоа немаше големи последици за англискиот гигант, бидејќи веќе имаше обезбедено место во нокаут фазата од Лигата на шампиони. Вториот погодок на Валенсија всушност беше автогол на Фил Џонс. Дефанзивецот на „црвените ѓаволи“ несмасно реагираше и наместо да ја расчисти опасноста, ја затресе сопствената мрежа.
Интересно е тоа што Џонс е првиот играч на Манчестер што си дал автогол во ЛШ во последните седум години. Претходно последниот автогол го има постигнато токму тој, во ноември 2011 година. Тој ја игра осмата сезона во дресот на најтрофејниот англиски клуб и досега има одиграно 238 средби во сите натпреварувања. Во тие 238 дуели, Џонс има постигнато вкупно пет погодоци, а интересно е што зад своето име има и пет автоголови.