Легендарниот НФЛ играч Том Брејди на мечот Тампа беј – Чикаго беарс стигна до јубилејниот 600-ти тачдаун во кариерата. Топката со која беше испишана историјата, стигна во рацете на навивачот Барон Кенеди.
По направениот тачдаун, играчот на Тампа беј, Мајк Еванс, му ја даде топката на Кенеди, кој беше во првиот ред на трибините, веднаш зад голот. Навивачот не можеше да верува дека ја доби топката.
https://twitter.com/i/status/1452383558488637440
Сепак, сувенирот не остана долго кај навивачот. Топката со која беше направен 600-тиот тачдаун се верува дека може да достигне вредност од 750.000 долари, па луѓе од клубот на Тампа беј веднаш започнаа преговори со навивачот да им ја врати топката.
По неколку минути разговор, навивачот реши да се откаже од сувенирот, кој може да достигне неверојатна сума. Сепак, Кенеди нема да остане без награда за својот потег да ја врати топката. Од клубот му ветија дека ќе му дадат два дреса потпишани од Том Брејди, плус еден заштитен шлем. Ќе добие и потпишан дрес и копачките од Мајк Еванс, како и два сезонски билети за оваа и наредната сезона.
Дури и самиот Том Брејди се јави и вети дека на навивачот ќе му подари еден биткоин, чија моментална вредност на пазарот е 63.000 долари.
https://twitter.com/i/status/1452430959291342852
Навивачот не помина лошо, но, сепак, ова е далеку помалку од вредноста која можеше да ја добие ако решеше да ја задржи топката.