Мајсториште: Со 20 денари, доби скоро 2.000 евра

Четвртокот беше многу среќен за еден обложувач во Sport Life што уплатил тикет во скопски Бутел. Без многу филозофии, на тикетот на којшто имаше девет парови, одиграна е една од најпопуларните игри за обложување на голови.

Да паднат еден до два погодоци во првото и еден до два погодоци во второто полувреме. Коефициентите на деветте погодени меча се движат од 2.45 до 2.80, а на крајот, со 20 уплатени денари, добивката која успеа да ја освои овој обложувач изнесува 114.052 денари.

Мајсторски се погодени дуелите: Бран – Викинг 0:2 (0:1), Амстетен – Рапид Виена 0:3 (0:2), ЛАСК – Тирол 2:1 (2:0), Ал-Џазира – Бани Јас 2:0 (1:0), Ал-Шабаб – Ал-Тае 3:0 (2:0), Дегерсфорд – Елфсборг 1:2 (0:1), Адана – Анадолу 3:0 (1:0), Вестерло – Антверпен 2:1 (2:0), Наполи – Болоња 3:0 (2:0).

Најголема драма било на дуелот Ал-Џазира – Бани Јас затоа што домаќините погодокот за 1:0 во првото полувреме го постигнале во 45+4 минута, но, секако, за да се погоди еден ваков тикет, мора да се има и среќа.

 

- Оглас -

Најнови вести