Меси повторно заменет, навивачите бараат отказ на Покетино (ФОТО)

Лионел Меси е заменет на полувремето против Лил од страна на тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино.

Аргентинецот поради наводна повреда го заврши својот настап порано, а навивачите на социјалните мрежи бараат отказ на Маурицио Покетино, кој според нив е главен „виновник“ за слабата форма на неговиот сонародник.

По првиот дел, ПСЖ губи од актуелниот првак Лил со 0:1 со голот на Бурак Јилмаз, но, она што загрижува е бледата партија на напаѓачкото трио предводено току од Меси, заедно со Нејмар и ди Марија.

Во вториот дел, шанса на местото на Лео доби Мауро Икарди.

 

- Оглас -

Најнови вести