3001 Аталанта – Лацио (Серија А, Италија, 15 часот)
Дуелите на овие две екипи во последно време се прекрасни фудбалски претстави со многу голови. И Аталанта и Лацио имаат напаѓачки потенцијал за нов атрактивен меч со погодоци, па тука вреди да се одигра на голови.
Тимот од Бергамо никако да куртули од проблеми со повреди на играчите, па и денеска против Лацио ќе игра без неколку стандардни првотимци.
Госенс, Хатебур, Паломино, Песина и Џимшити повторно се најавени како отсутни и повторно Аталанта ќе оди на победа без нив.
Кај Лацио хендикеп е што нема да игра Закањи, но римјаните имаат добри замени за него.
Последните пет меѓусебни дуели беа ултра ефикасни, на сите имаше најмалку по 4 гола, што е наш избор и за денеска.
Предлог тип: 4+ (2.35)
1004 Манчестер сити – Кристал палас (Премиерлига, Англија, 16 часот)
Патрик Виеира ќе гостува кај клубот во кој се прости од играчката кариера, а денеска како тренер на Кристал палас ќе се обиде да изненади и да остане непоразен против актуелниот шампион Манчестер сити.
И домаќините ќе имаат момент за паметење, а во фокусот ќе биде тренерот Пеп Гвардиола. Шпанецот по јубилеен 200-ти пат ќе го предводи од клупата клубот од Манчестер.
Првакот беше поразен на стартот од сезоната во Премиерлигата, од Тотенхем со 1:0 и оттогаш нема пораз на 8 меча по ред.
Кристал палас е без победа на пет меча, има четири нерешени по ред, а продолжување на серијата на ремија за нив би бил голем успех.
Сепак Сити фати ритам во битката за врвот и нема да дозволи изненадување во меч на кој бодовите им се императив, ако сакаат да ја продолжат трката за одбрана на титулата.
Предлог тип: 1&1+I&1+II (1.46)
1006 Ливерпул – Брајтон (Премиерлига, Англија, 16 часот)
Ливерпул е во топ-форма, го прегази вечниот ривал Манчестер јунајтед со 5:0 и тоа ќе им даде дополнителен импулс да продолжат победнички.
Црвените од Енфилд Роуд се единствената непоразена екипа во Премиерлигата и според квалитетот, формата и рејтингот така ќе остане и по дуелот со Брајтон.
Галебите имаа висок лет на стартот од сезоната, но сега се со спуштени крилја и четири кола по ред немаат победа.
Лани го изненадија тогашниот првак Ливерпул со победа од 1:0 на гостински терен, но сега Клоп и неговите избраници предодени од Салах, Мане, Фирмино… нема да дозволат реприза.
Предлог тип: 1&1+I&1+II (1.68)
3002 Верона – Јувентус (Серија А, Италија, 18 часот)
Верона му даваше голови на Јувентус и кога Старата дама газеше се пред себе во деветгодишната доминација што заврши лани.
Сега Јуве е во криза, а поразот од Сасуоло му донесе нови главоболки на Алегри. Верона ќе сака да искористи, па со победа дури и да го стаса ривалот, на табелата во Серија А.
Верона честопати знаеше и да го изненади фаворитот од Торино и има две победи на „Бентегоди“ на последните четири гостувања на Јувентус.
Гостите ќе играат без Де Шиљо, веројатно и без Бернардески и Кин што е нов хендикеп за Старата дама. Верона нема значајни кадровски проблеми и типуваме дека ќе му даде барем еден гол на Јувентус , но и ќе прими погодок, или повеќе, од најтрофејната италијанска екипа.
Предлог тип: ГГ (1.71)
1605 Валенсија – Вилјареал (Ла Лига, Шпанија, 18.30 часот)
Локалното дерби и двете екипи го чекаат во скромна форма во долниот дел на табелата и на позиции што не им прилегаат на амбициите. Вилјареал како актуелен освојувач на пехарот во Европа Лигата игра променливо на стартот од новата сезона и со три меча без победа ќе и излезе на мегдан на Валенсија.
Лилјаците се далеку од сјајот што го имаа во годините од финишот на минатиот век и почетокот на овој милениум кога двапати беа европски вицешампиони и победници во УЕФА купот и во Суперкупот на Европа.
Домаќините се во црна серија од 7 меча без победа во Ла Лига, па ако не сменат нешто пак им следи битка за опстанок.
Предност на Валенсија е што не игра во Европа, а Вилјареал мора да мисли и на дуелот со Јанг Бојс во вторник во Лигата на шампионите.
Ова може да биде и клучен меч за тренерот на Валенсија, Хосе Бордалас, бидејќи со нов пораз сериозно ќе му се разниша позицијата. Според традицијата локалното дерби носи многу возбудувања и ефикасни натпревари, па ќе типуваме 3+.
Предлог тип: 3+ (2.05) Супер тип на Sport Life