Ајфонот е подготвен, денеска се игра Спортска прогноза до 13 часот

Сабота е ден за Спортска прогноза, но денеска 11-то коло што е во тек треба да се одигра малку порано од стандардниот термин и можете да се приклучите со своја комбинација до 13 часот во трката за прекрасниот мобилен телефон „ајфон 12“.

Со мечот во Премиерлигата меѓу Лестер и Арсенал што се игра од 13 часот завршува можноста да и се приклучите на бројната армија на прогнозери во играта што за вас весплатно ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

Се што е потребно е да имате СЛ картичка од Sport Life; која исто така е бесплатна и лесно се добива на сите уплатни места и добра стратегија за да се разрешат сите 13 енигми на популарната Тринаесетка.

Има многу интересни мечеви и сите се со позната тематика за прогнозерите од петте најсилни првенства во Европа. Играта е посебно интересна бидејќи може да се добие убава награда, „ајфон 12“, но се наградуваат и утките.

Со еден промашен пар Sport Life доделува ваучер од 1.000 денари што може да се искористи за уплата на тикети во обложувалницата, а со 11 погодени парови ви следи ваучер од 500 денари.

Интересни награди ќе има и за првите петмина во Генерален пласман, се доделуваат по завршувањето на сезоната, четврта по ред со Спортска прогноза, а шампионот ќе добие ТВ Смарт од 48 часа.

Прогнозирањето е лесно и уште полесно може да ви донесе убава награда, па затоа не се двоумете и приклучете се со ваши прогнози веќе денеска до 13 часот.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести