Нулите се секогаш ризични, но еден меч од македонското првенство вреди да се одигра

Интересна традиција на нерешени дуели имаат Борец и Работнички кога играат во Велес, а серијата е актуелна и трае веќе четири меча по ред.

Дури и пријателските натпревари, а ги има два завршуваа без победник, па не е далеку и петката, а за ново реми на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес понудата во Sport Life е со коефициент 2.90.

Тој меч ќе се игра денеска од 14 часот, термин во кој ќе започнат и останатите четири натпревари од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Вчера колото почна со убедлива победа на лидерот Шкупи со 5:0 против Брегалница, а денеска покрај мечот меѓу Борец и Работнички ќе се играат и дуелите Шкендија со Тиквеш, Пелистер против Македонија Ѓорче Петров, Скопје со Ренова и дербито меѓу Струга ТРим Лум и Академија Пандев.

Сите пет натпревари ги има во понудата на Sport Life и за сите има над 500 различни игри што е шанса за добивка на добрите познавачи на домашното првенство.

Двојки, 12. коло, 14 часот: Борец – Работнички, Шкендија – Тиквеш, Пелистер – Македонија Ѓ.П. Скопје – Ренова и Струга – Академија Пандев.

Табела: Шкупи 29, Ренова и Академија Пандев по 21, Брегалница 19, Шкендија 17, Струга, Работнички и Скопје по 15, Македонија Ѓ.П. 11, Борец 8, Тиквеш 6 и Пелистер 4 бода. 

 

- Оглас -

Најнови вести