Вардар ја упали „машинеријата“ и дојде до нов триумф во втората лига

Екипата на Вардар, полека, но сигурно фаќа приклучок кон самиот врв во втората лига – запад. „Црвено-црните“, сега беа подобри од Гостивар на домашен терен со 3:1, со што дојдоа до петтата победа сезонава, односно четврта по ред.

Ненад Мишовски во завршницата на првиот дел го отвори резултатот, а следуваше изненадување откако во 73. минута, гостите израмнија со погодокот на Хиџрет Рушити.

Сепак, капитенот Дејан Блажевски ги врати работите на место, а конечниот исход го постави Филип Петковски кој беше успешен реализатор на пеналот.

Со оваа победа, Вардар дојде до бројката од 17 бодови, но, и покрај тоа остана на третото место. пред него се Воска Спорт со 21, а лидер е Силекс кој има 25 бодови.

- Оглас -

Најнови вести