Милан не успеа да презими во Лигата на Европа и по поразот од Олимпијакос е елиминиран од понатамошните натпревари. Во возбудливото второ полувреме во Атина, Олимпијакос победи со 3-1 и ја вклучи математиката во погон.
Двете екипи имаат еднаков број бодови, по 10 во групата Ф, имаат и исти победи во меѓусебните дуели, по 3-1, па одлучуваше следниот критериум, вкупната гол-разлика. Тука грчкиот тим е подобар и со плус пет голови го елиминира Милан, екипа што има гол-разлика 12:9, недоволно да продолжи со натпреварите во Лигата на Европа.
Драма имаше и во Лајпциг и во Глазгов, а ниту братската помош на Салцбург, кој го победи Селтик со 2-1, не му помогна на Лајпциг.
Розенборг ги урна плановите на Лајпциг со израмнувачки гол во финишот на мечот, па ремито 1-1 не му беше доволно на едниот од двата состави чиј спонзор е Ред Бул да остане во натпреварувањето.
Вториот состав што соработува со Ред Бул, Салцбург ос Австрија го победи Селтик со 2:1 на гостински терен, па двете екипи заедно одат понатаму, а Лајпциг и Розенборг испаднаа.
Резултати: АЕК Ларнака – Баер Леверкузен 1-5, Лудогорец – Цирих 1-1, Арсенал – Карабах 1-0, Спортинг – Ворскла 3-0, Селтик – Салцбург 1-2, Лајпциг – Розенборг 1-1, Олимпијакос – Милан 3-1, Дуделанж – Бетис 0-0, Славија Прага – Зенит 2-0, Копенхаген – Бордо 0-1, Динамо Загреб – Андерлехт 0-0, Спартак Трнава – Фенербахче 1-0.