Лудакот не знае да каже доста

Поранешниот уругвајски репрезентативец Себастијан Абреу не планира да ѝ стави крај на кариерата и покрај тоа што веќе има 42 години. Популарниот Ел Локо (Лудак), потпиша за 28-миот клуб во кариерата. Тој се одлучи да го облече дресот на бразилскиот четвртолигаш Рио Бранко.

Со овој потпис Ел Локо само го подобри сопствениот, но и светски рекорд по бројот на променети клубови во кариерата. Абреу влезе во Гинисовата книга на рекорди уште кога стигна до 26-тиот различен клуб во кариерата, а сега само се зацврстува на позицијата. Тие 28 клуба во кои играл се распределени во 11 држави.

Најголемиот дел од кариерата Уругваецот играше во Јужна Америка, но беше дел и од европскиот фудбал, и тоа како член на Депортиво Ла Коруња, Арис, Бејтар Ерусалим и Сосиедад. Во репрезентативниот дрес на Уругвај одигра 70 меча и постигна 26 голови. Најблескавиот момент во националната кариера му е погодениот пенал во четврт-финалето од Светското првенство во 2010 година против Гана. Тој беше последен изведувач за Уругвај и со „Паненка“ удар го одведе Уругвај во полуфиналето.

 

 

- Оглас -

Најнови вести