Сент Етјен има очајна сезона во француското првенство и по 12 одиграни кола, тимот е без победа, па со само шест освоени бода е на дното од табелата. Синоќа, Сент Етјен гостуваше кај Мец, екипа која има само еден бод повеќе и тоа беше дерби на дното од табелата.
Мец поведе со 1:0 по само девет минути игра, но гостите брзо израмнија. Ваби Хазри постигна ретко виден гол, со шут од дури 68 метри. Тунискиот напаѓач освои една топка во својот шеснаесетник, тргна во напад, кога забележа дека домашниот голман е далеку излезен од гол-линијата.
Иако беше на огромна одалеченост, Хазри се реши да шутира и не згреши. Упати „бомба“ која леташе повеќе од 60 метри и падна точно пред гол линијата, а потоа заврши во празната мрежа.
La LFP qui bloque la vidéo du but de Khazri. Faites vous plaisir, je la remettrais en boucle !!!! pic.twitter.com/1pSRLi2b98
— Kael (@kaelctout) October 30, 2021