Откриен е проблемот зошто Меси не може да блесне во дресот на ПСЖ

Пари Сен Жермен одигра 12 мечеви во француското првенство, а најголемото засилување од летниот преоден рок, Лионел Меси уште не може да се израдува на првиот гол во Лига 1. Меси е фудбалерот кој има упатено најмногу удари кон противничките голови, а ја нема погодено мрежата.

Директорот на ПСЖ, Бразилецот Леонардо има објаснување за слабата форма на Меси.

„Ситуацијата со Меси е малку комплицирана. Во првиот период од сезонава, повеќе време помина со репрезентацијата на Аргентина, отколку да е во Париз, што се покажа како проблем. Со толку многу патувања, нормално е да има проблем со адаптацијата, но исто така проблеми и со мускулите. Истото му се случува и на Нејмар“, објасни Леонардо, на прашањето зошто Меси беше повлечен од игра по само 45 минути игра во дербито против Лил.

Иако нема постигнато гол во првенството, Меси за ПСЖ стрела прецизно во Лигата на шампиони, натпреварување кое е главна цел на Светците за оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести